ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Заштитата на приватноста на посетителите на веб сајтот dobrazemja.mk е приоритет. Ве молиме да ја прочитате Политиката на приватност подолу, во која е објаснето како ги користиме и како ги заштитуваме вашите лични податоци. Со посета на нашиот сајт или користење на нашите услуги вие се согласувате на собирање и користење на вашите информации како што е утврдено во оваа политика. Се потрудивме да излеземе од стандардните политики на приватност и да бидеме постриктни онаму каде што реално е дозволено.

1. Заштита на личните податоци на корисниците на картички

НАША ДОБРА ЗЕМЈА ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. НАША ДОБРА ЗЕМЈА не сносува никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.

2. Информации кои ги собираме

Лични податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. При креирање на профил, правење нарачка, оставање коментари и рејтинзи на своите нарачки, објавување коментари и содржини по форуми, социјални мрежи, испраќање повратни информации на нашиот сајт и на нашиот маил, барање податоци за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, ние може да ви побараме одредени ваши податоци. Не е секогаш задолжително да се вклучите во некоја активност која бара ваша идентификација. Ако одберете некоја активност која бара идентификација, може да побараме да обезбедите лични податоци како име и презиме, адреса за достава, емаил адреса, телефонски број, информации за исплата од кредитна или дебитна картичка. Во зависност од активноста која сте ја одбрале некои податоци се задолжителни и доколку не ги внесете тие податоци нема да ви биде дозволено да ја извршите таа активност.

3. Употреба на информации

Причини поради кои ги собираме вашите податоци :
– да ги поврземе вашите нарачки со НАША ДОБРА ЗЕМЈА и да извршиме нивна испорака
– контактираме со вас со врска со вашите нарачки и доставата на истите
– контактираме со вас за промотивни понуди или други комуникации кои може да бидат во ваш интерес
– да одговориме на вашите прашања и помош околку проблемите при достава на вашата нарачка
– да ги персонализираме содржините кои ги гледате кога го посетувате нашиот сајт и нашите услуги
– им помогнеме на нашите партнери производители со кои соработуваме да ги подобрат своите понуди на производи и квалитет
– пресметување на вкупниот број посетители на нашите услуги

4. Откривање на вашите информации

Ние нема да ги откриваме, споделиме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица освен во случаи каде што тоа е дозволено или пропишано со закон.
Кога правите нарачка и онлајн плаќање, податоците од вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот систем на НЛБ Тутунска Банка со цел да се потврди плаќањето. На тој начин имаме увид дали трансакцијата е реализирана за да можеме да ја пуштиме во систем вашата нарачка и истата да ја испорачаме.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на другите. Ние го задржуваме правото да ги откриеме вашите лични податоци ако тоа се бара со Закон и доколку откривањето е неопходно за да ги заштитиме нашите права и/или во согласност со судска постапка, судски налог или правен процес во врска со нашата веб страница.

5. Безбедност и задржување на податоци

Ние се трудиме да ги заштитиме вашите податоци од неовластен пристап и против незаконската обработка, случајно губење, злоупотреба, промена, уништување и оштетување. НАША ДОБРА ЗЕМЈА користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на dobrazemja.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. Ние ги задржуваме вашите информации за разумен период или колку што законот бара. Вие сте одговорни за одржување доверливост на вашата лозинка која сте ја одбрале за да ви овозможи пристап до одредени делови на веб-сајтот. Ве советуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Иако преземаме чекори за заштита на вашите информации, ние не може да ја гарантираме безбедноста на вашите податоци кои се пренесуваат на веб-сајтот; секој пренос е на ваш сопствен ризик.

6. Пристапување и коригирање на вашите лични податоци

Со логирање на вашиот профил можете да ги промените или избришете вашите податоци кои претходно сте ги внеле при првата регистрација. Единствено нешто што не можете да промените е вашата маил адреса. Доколку сакате да го користите вашиот профил со друга маил адреса, ќе мора одново да креирате нов профил со новата маил адреса и вашите податоци. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на info@dobrazemja.mk. Ние ќе ги чуваме вашите лични податоци се додека профилот е активен. При онлајн плаќање на вашите нарачки доколку одберете зачувување на податоците од вашата платежна картичка на уредот преку кој се логирате, истите ќе бидат зачувани само на тој уред од кој сте се логирале и ние немаме апсолутно никаков пристап до истите.

7. Промени во политиката на приватност

Повремено можно е менување на нашите услуги. Поради тоа го задржуваме правото да ја ажурираме или измениме политиката за приватност во било кое време и без претходна најава. Ваше право е периодично да ја проверувате политиката на приватност при посета на нашата веб страна.

8. Контакт

Ве молиме контактирајте нè ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика на приватност. Можете да не контактирате онлајн на info@dobrazemja.org.

Back to Top
Shopping Cart
Close

No products in the basket.

Подесување на приватноста

Оваа страна користи веб колачиња "Cookies" со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство. Со користењето на нашиот веб сајт вие се согласувате со користењето на „Cookies“.