ПРАВИЛА И УСЛОВИ
Со пристап на страната shop.dobrazemja.mk и со нарачка на производи, се согласувате дека ги прифаќате долунаведените услови во Политиката за користење на системот на електронска трговија. НАША ДОБРА ЗЕМЈА ДОО ги задржува правата за промена на политиките и условите за користење, а истите ќе бидат наведени на оваа страница.
ПОЛИТИКА И УСЛОВИ ВО ВРСКА СО ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Цените на сите производи на веб страницата shop.dobrazemja.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. НАША ДОБРА ЗЕМЈА го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
ДОСТАВУВАЊЕ НА НАРАЧКИТЕ
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку сопствениот систем на достава на НАША ДОБРА ЗЕМЈА под следните услови:
• Доставата на артиклите се врши во одредени населби на територијата на Град Скопје, наведени во формуларот за нарачка.
• Доставата на производите се врши до влезот на станбениот објект.
• Трошоците за достава се вклучени во крајната цена на нарачката.
• Трошоците за достава варираат во зависност од зоната на наведената адреса за достава.
РОК НА ИСПОРАКА
Доставата на производи се врши во петок. За да ги добиете производите истиот ден, нарачката треба да биде направена до 14ч. За точниот термин ќе бидете контактирани од страна на доставувачот. НАША ДОБРА ЗЕМЈА се обврзува да ги достави производите во најавениот термин или не подоцна од еден час од најавениот термин. Во нормални услови, доколку нарачаните производи не се доставени во предвидениот рок, купувачот не е должен да ја плати нарачката, односно веќе платениот износ ќе му биде рефундиран во разумен рок, а производите ќе бидат повлечени (вратени) при самата достава или со закажување на термин за превземање (враќање) на производите. Правото за враќање/рефундирање не може да се оствари доколку производите се оштетени, односно не се во првобитната форма.
Правилото за ослободување од плаќање или рефундирање во случај на задоцнување со доставата не важи доколку условите за достава се вонредни. Под вонредни услови за достава се подразбира:
• Екстремно лоши временски услови
• Новогодишна вечер, Божиќ и Велигден
• Состојба на елементарна непогода
• Друга официјална криза на локално или државно ниво
За проценка на нормалноста на условите одлучува НАША ДОБРА ЗЕМЈА.
ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Во случај кога клиентот купил прехранбени производи со недостаток, НАША ДОБРА ЗЕМЈА се обврзува да изврши нивна замена за производи со соодветен квалитет или на потрошувачот да му го врати платениот износ, доколку недостатоците се утврдени во рокот до кога производот може да се употребува.
За сите останати производи клиентот има право да врати купен производ во период од 2 дена од датумот на достава, под услов производот кој се враќа да е во иста форма и содржина во која е испорачан, неотпакуван, неупотребуван и неоштетен, со сите етикети и ознаки кои ги имал при доставата.
За свежите прехранбени производи доставени без недостаток не важи правото за враќање.
Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето, или како ваучер (кредит) за следни купувања доколку купувачот го побара тоа.
Правото за поврат на производите може да се оствари со пополнување на Барање за поврат.
ОПШТО
НАША ДОБРА ЗЕМЈА не одговара за евентуални мали измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалната веб страна. Фотографиите прикажани на веб страницата shop.dobrazemja.mk се од информативен карактер.
Прва задруга на потрошувачи на органска храна НАША ДОБРА ЗЕМЈА со ограничена одговорност Скопје.
ЕДБ: MK4057015528792
Матичен број: 7033460
Жиро сметка: 210070334600164
НЛБ ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ
Адреса: ДРЕЗДЕНСКА 15 ЛОК.1 , Скопје
Контакт телефон: 071 863 089
Контакт email: info@dobrazemja.org